Европските берзански индекси денеска се во благ пораст пред одлуката на Европската централна банка за каматните стапки. Аналитичарите проценуваат дека Европската централна банка ќе ги задржи каматите на исто ниво, додека Банката на Англија се проценува дека ќе ги намали за 0,25 насто.
Како последица на овие предвидувања денеска се бо благ пораст индексите на германската и француската берза, додека лондонски ФТСЕ бележи незначителен пад од 0,03 насто.
Во САД берзите се во пад, пред се поради падот на акциите поврзани со вештачката интелигенција откако Фајненшал тајмс објави дека главните инвеститор на фирмата Оракл се повлекол од финансирањето на дата центарот.
Слични новости
Доларот стагнира, цените на нафтата растат
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути стагнира во раното претпладневно тргување во четвртокот
Волстрит падна четврти ден по ред
На њујоршки Волстрит, берзанските индекси паднаа четврти ден по ред во средата, со најголем пад на акциите во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите стануваат сè позагрижени за огромните трошоци за развој на вештачка интелигенција
Цените на нафтата пораснаа на 60 долари
Цените на нафтата се искачија на 60 долари на меѓународните пазари во средата, што ја одразува нервозата на трговците кои се обидуваат да ги проценат можните последици од американската блокада на санкционираните танкери што се упатуваат кон Венецуела


