Европските индекси на берзите денеска варираат, а нафтата Брент се продава за 107 долари по барел по извештајот дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја оконча воената кампања против Иран дури и ако не се отвори целосно Ормутскиот теснец.

Веста што ја пренесе Волстрит џурнал ги охрабри инвеститорите, бидејќи ја толкуваат како желба на Трамп да потигне мировна спогодба со Техеран која би ја окончала војната на Блискиот исток.

Бо Европа експертите денеска ги анализираат и прелиминарните податоци за мартовската инфлација во земјите на еврозоната, за да го процениот влијанието на конфликтот врз растот на цените за потрошувачка.  

Слични новости

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските берзански индекси денеска се во плус, а паднаа цените на нафтата и златото, додека во фокусот на инвеститорите покрај добивките на големите компании, се прелиминарните податоци за економскиот раст во еврозоната во последниот квартал на 2025.