На европските берзи се тргуваа претпазливо во четврток претпладнето а индексите стагнираат, додека инвеститорите чекаат нови квартални деловни резултати од европските компании.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 отсто во претпладневнито пресок од тргувањето по вчерашниот раст. Во исто време, лондонскиот индекс FTSE се зајакна за 0,02 проценти, на 9.780 поени, додека франкфуртскиот DAX падна за 0,32 отсто, на 23.970 поени, а парискиот CAC за 0,55 отсто, на 8.025 поени.
И на азиските берзи, цените на акциите се зголемија. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, порасна за 0,4 отсто во истиот термински пресек како и во Европа, откако падна за повеќе од 2 отсто во претходните два дена. Од утрово цените на акциите во Австралија, Шангај, Јапонија, Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа за меѓу 0,3 и 2 отсто. Во Индија, пак, благо ослабеа.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


