На европските берзи се тргуваат претпазливо во четвртокот претпладнето, бидејќи во моментов нема значајни вести што би можеле да го насочат пазарот, па по неколкудневен раст, берзанските индекси стагнираат.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во пад од 0,1 отсто во утринскиот пресек од тргувањето. Во исто време, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,12 отсто, на 9.680 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,01 отсто, на 23.725 поени, а парискиот CAC 0,13 проценти, на 8.086 поени.

Азиските берзи го следат растот на Волстрит. И на азиските берзи, цените на акциите се зголемија. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, беше во пораст од 0,4 отсто, во истиот термински пресек како и во Европа, добивајќи на раст четврти ден по ред. Истовремено, цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонгконг, Јужна Кореја и Јапонија пораснаа за меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Во Индија, пак, благо паднаа.

globe

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел