На европските берзи во петокот претпладнето се тргуваше претпазливо, при што индексите стагнираат, откако Европската централна банка (ECB) вчера дополнително ги намали каматните стапки.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,09 отсто, на 8.319 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,15 отсто, на 20.456 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,11 отсто, на 7.415 поени.

Пазарите се поддржани со вчерашната одлука на ECB за дополнително намалување на каматните стапки за 0,25 процентни поени, што треба да го стимулира растот на економијата на еврозоната.

Од друга страна, на пазарите негативно влијаат и извештаите објавени утринава за неочекуваниот пад на британската економија втор месец по ред, како и за слабоста на германскиот извоз.

 

А на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,7 отсто во истиот пресек како и од тргувањето во Европа. Во исто време, индексот Nikkei sе лизна за околу 1 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Хонгконг паднаа меѓу 0,4 и 2,2 отсто. Во Јужна Кореја, пак, се зголемија за 0,5 отсто.

Кинеските берзи се под притисок, бидејќи инвеститорите се разочарани од новите владини мерки за стимулирање на економијата, кои ќе го зголемат долгот и ќе се обидат да ја поттикнат потрошувачката.

„Се чини дека со оглед на претходните најави за мерките, инвеститорите очекуваа повеќе“, вели Џијан Чанг, економист во банката „Barclays“.

Инвеститорите беа предупредени од вчерашниот пад на Волстрит, при што S&P 500 и Nasdaq индексот се лизнаа од рекордните нивоа. Dow Jones загуби 0,53 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,54 отсто, а Nasdaq индексот 0,66 отсто.

Откако податоците за потрошувачките цени во средата покажаа дека инфлацијата во САД останува далеку над целните нивоа на американската централна банка, вчерашните податоци за цените на производителите го потврдија тоа. Во ноември овие цени се зголемија за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 3 отсто на годишно ниво, повеќе од очекувањата на аналитичарите.

И зголемената инфлација може да го поттикне Fed да го забави или дури и да го прекине циклусот на намалување на стапката. Иако челниците на Fed со седмици повторуваат дека темпото на зголемување на каматните стапки може да се забави, пазарот очекува дека на дводневниот состанок од 17 до 18 декември Fed ќе ги намали каматните стапки по трет пат оваа година , за дополнителни 0,25 процентни поени.

globe

Слични новости

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години