На европските берзи во претпладневното тргувања во средата се тргува претплазливо, па индексите сагнираат додека инвеститорите ја очекуваат одлуката на американската централна банка за каматните стапки.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот денвен пресек од тргувањето беше во плуст 0,05 отсто. Притоа, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,37 отстом, на рекордните 9.730 поени, а франкфуртскиот DAX за 0,09 отсто, на 24.305 поени. Парискиот индекс CAC, пак, ослабе за 0,20 отсто, на 8.199 отсто.

Инвеститорите се претпазливи во пресрет на одлуките и пораките на челниците на американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed) од редовната седница. Се очекува дополнително намалување на каматните стапки за 0,25 отстотни поени, како и во септември.

 

А на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот термински пресек како и во Европа беше во плус 0,5 отсто. Истовремено цените на акциите во Индија, Шангај, Јужна Кореја и Јапонија пораснаа за меѓу 0,6 и 2,2 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за речиси 1 отсто, додека во Хонгконг поради празник не се работи.

Берзанските индекси во Јапонија и Јужна Кореја досегнаа нови највисоки нивоа во историјата, а и поголемиот дел од другите азиски берзи го следат вчераршниот раст на индексите на Волстрит коишт, исто така, достигнаа рекордни нивоа.

Новите рекорди на најголемата светска берза во прв ред се благодарение на силниот раст на акции на неколку технолошки гиганти. Така, цената на „Nvidiа“, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција, скокна за 5 отсто, по вестите дека компанијата ќе учествува во развојот на суперкомпјутер за американскот Министетство за енергетика.

По вчерашниот силен раст на цените на акцијата, пазарната вредност на „Nvidiа“ порасна за повеќе од 230 милијарди долари, па наскоро може да стане првата компанија во светот со пазарна вредност поголема од 5.000 милијарди долари.

Силно вчера порасна и цената на акцијата на „Microsofta“, за околу 2 отсто.

globe

Слични новости

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse