На европските берзи се тргува претпазливо во средата претпладнето, додека инвеститорите го очекуваат кварталниот деловен извештај на „Nvidia“, кој би можел значително да влијае на насоката на пазарот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 проценти во претпладневниот пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,18 отсто на 9.535 поени, додека франкфуртскиот DAX падна за 0,14 отсто на 23.150 поени, а парискиот CAC 400 падна за 0,38 отсто на 7.937 поени.

И на повеќето азиски берзи, цените на акциите паднаа. Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, се намали за 0,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа. Во исто време, цените на акциите во Јапонија, Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа за меѓу 0,2 и 0,6 отсто. Во Индија и Шангај, пак, се зголемија за меѓу 0,2 и 0,3 отсто.

Инвеститорите беа загрижени за вчерашниот пад на индексот S&P 500 на Волстрит четврти ден по ред. Dow Jones се лизна за 1,07 отсто, додека S&P 500 падна за 0,83, а индексот Nasdaq падна за 1,21 процент.

Вчера, како и претходните денови, технолошкиот сектор беше под најголем притисок бидејќи инвеститорите стравуваат дека цените на акциите во овој сектор се превисоки.

Овој сектор долго време расте силно, благодарение на еуфоријата во врска со развојот на вештачката интелигенција, но сега некои инвеститори веруваат дека цените на технолошките акции се превисоки, па затоа го префрлаат капиталот од овој во други сектори. Меѓу другите, цените на акциите на „Nvidia“, „Microsoft“ и „Amazon“ паднаа вчера за меѓу 3 и 4 отсто.

Инвеститорите се претпазливи и бидејќи кварталниот деловен извештај на „Nvidia“, најголемата компанија во светот по пазарна вредност, ќе биде објавен подоцна во среда, што би можело значително да влијае на целиот технолошки сектор.

Извештајот на „Nvidia“ би можел да покаже дали цената на акциите на производителот на чипови е одржлива. Од лансирањето на ChatGPT во ноември 2022 година, цената на „Nvidia“ се зголеми за околу 1.000 отсто, а од почетокот на оваа година за повеќе од 40 проценти, па пазарната вредност на компанијата неодамна надмина 5.000 милијарди долари.

Инвеститорите се исто така претпазливи бидејќи оваа седмица се очекуваат неколку важни макроекономски извештаи, вклучително и за вработеноста во септември, кои ќе ја покажат состојбата на американската економија.

Поради блокадата на работата на американските федерални агенции, нема официјални извештаи од 1 октомври, па инвеститорите сакаат да видат дали официјалниот извештај ќе покаже дека пазарот на трудот слабее, како што покажаа помалку сеопфатните извештаи од приватните институции во последните недели.

globe

Слични новости

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници

Цените на храната паднаа и во ноември

Цените на храната паднаа и во ноември

Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година