Европските берзи се тргуваат внимателно во понеделник претпладнето, при што индексите стагнираат, додека инвеститорите го следат развојот на настаните во врска мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,1 отсто и се движи околу рекордните нивоа. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,12 отсто, на 8.740 поени, а франкфуртски DAX за 0,25 отсто, на 22.570 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,07 отсто, на 8.175 поени.
Берзите се претпазливи бидејќи инвеститорите ги следат случувањата во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина, кои би можеле да започнат оваа седмица во Саудиска Арабија, додека тензиите меѓу ЕУ и САД се зголемуваат поради несогласувањата за тоа како треба да се водат овие преговори.

Тргувањето на азиските берзи е исто така претпазливо. MSCI индексот на азиските акции во истиот термински преск како и во Евроап беше речиси непроменет од петокот. Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја пораснаа за 0,7 отсто. Во Австралија, Шангај и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 0,3 отсто.
По силниот пораст минатата седмица, хонконшкиот индекс Hang Seng претпладнево падна, бидејќи стивна еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, неодамна поттикната од успехот на решението за вештачка интелигенција на кинескиот стартап „DeepSeek“ на Западот.
На берзата во Токио, пак, владее добро расположение, откако беше објавено дека јапонскиот бруто-домашен производ (БДП) порасна повеќе од очекуваното во последниот квартал од минатата година, за 2,8 отсто на годишно ниво. Сепак, значителниот раст на цените на јапонските акции го спречува зајакнувањето на јенот во однос на доларот, што ги прави јапонските извозни производи поскапи на светските берзи.
Слични новости
Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол
Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Венс: Се очекува договор на високо ниво за ТикТок до 5 април
Тикток се соочи со проблеми во САД откако на 19 јануари стапи во сила закон со кој се бара од сопствениците на Тикток кинеската компанија Бајтденс да го продадат, поради загрозување на американската национална безбеност или во спротивно ќе биде забранет.
Цените на нафтата над 70 долари
Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот над нивото од 70 долари, а инвеститорите проценуваат дека преговорите за ставање крај на руско-украинската војна ќе потрае и ќе го одложат враќањето на руската нафта на западните пазари