На европските берзи во вторник се тргува внимателно, а берзанските индекси стагнираат, по вчерашниот значителен пад. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет од вчера. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,20 отсто, на 8.585 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,24 отсто, на 22.675 поени, а париски CAC за 0,31 отсто, на 8.070 поени.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. Индексот на азиските акции MSCI беше намален за 0,3 отсто.
Јапонскиот индекс Nikkei се лизна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,9 и 1,3 отсто. Меѓутоа, во Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,2 и 0,4 отсто.

На самиот почеток на тргувањето и кинеските берзи беа во минус, но подоцна индексите успеаја да се пробијат на позитивна територија.

Азиските берзи го следат вчерашниот пад на Волстрит, но загубите се помали отколку на најголемата светска берза. Меѓу другото, затоа што американските фјучерси индекси моментално стагнираат, што укажува дека берзанските индекси на Волстрит денеска би можеле да се стабилизираат.

globe

Слични новости

Цените на храната значително пораснаа во февруари

Цените на храната значително пораснаа во февруари

Цените на храната драстично се зголемија во февруари првпат од есента минатата година, како одраз на повисоките цени на шеќерот, млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна при Обединетите нации