На европските берзи во вторник претпладнето се тргува претпазливо, при што индексите стагнираат, додека инвеститорите ја следат ситуацијата откако Вашингтон ја одложи примената на царините за увоз од Канада и Мексико, но не и од Кина.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладневнито пресек од тргувањето беше во минус од 0,3 отсто, слабеејќи втор ден по ред. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,48 отсто, на 8.540 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,06 отсто, на 21.416 поени, а париски CAC за 0,12 отсто, на 7.845 поени.
Европските инвеститори се склони кон ризик бидејќи Вашингтон се заканува со царини на увозот од Европската унија, со оглед на големиот трговски суфицит на ЕУ со САД.
А на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 1,1 и 2,8 отсто. Во Австралија, пак, благо паднаа.
Кинеските берзи сѐ уште се затворени поради прославата на лунарната Нова година.
Азиските инвеститори беа охрабрени од веста дека Канада и Мексико постигнале договор со Вашингтон за одложување на воведувањето царини за еден месец. Така, берзите вратија дел од загубите од вчера, кога беа потресени од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико.
Сепак, утрово во САД стапија на сила царините од 10 отсто за увоз од Кина. Пекинг веднаш возврати со најава за воведување дополнителни царини од 15 отсто за јаглен и течен природен гас од САД, како и царини од 10 отсто за сурова нафта, земјоделска опрема и одредени автомобили од 10 февруари.
Додека терминските берзански индекси беа во пораст по вчерашните добри вести од Канада и Мексико, тие утрово повторно се намалуваат, бидејќи инвеститорите стравуваат од трговска војна меѓу САД и Кина, слична на онаа од првиот мандат на Трамп.
Белата куќа објави дека Трамп во наредните денови ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Мислам дека треба да се навикнеме на ова, еден вид ролеркостер на јавни преговори за тарифи и други политики“, вели Рос Мејфилд, аналитичар во компанијата „Baird“.
Слични новости
Зголемени испораките на руски гас во Европа преку Турскиот тек
Испораките на руски гас преку Турскиот тек за Европа се зголемени за 26,7 отсто во однос на јануари минатата година и достигнаа рекордни вредности, покажуваат податоците на Европската мрежа на оператори на гасни системи.
САД за денеска најавуваат воведување царини за канада, Мексико и Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 насто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 проценти за увозот од Кина, и порача дека ниту една од трите земји не може да направи ништо за да ја одложи одлуката за царините.
Нафтата под 77 долари
Цените на нафтата се задржаа под 77 долари на меѓународните пазари во петокот, при што вниманието на инвеститорите беше фокусирано на Вашингтон и неговите најавени царини за Мексико и Канада