Цените на акциите пораснаа на европските берзи во четврток во претпладневното тргување, главно во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на американскиот технолошки гигант „Nvidia“.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за околу 1 отсто во претпладневниот пресок од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,62 отсто на 9.566 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 1,01 отсто на 23.390 поени, а парискиот CAC за 1,12 отсто на 8.040 поени.

Цените на акциите, исто така, пораснаа на повеќето азиски берзи. Индексот на акции од Азиско-пацифичкиот регион на MSCI, без јапонските, порасна за 1,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа, што е пониско од едномесечното најниско ниво. Истовремено, цените на акциите во Хонгконг, Индија, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија пораснаа за меѓу 0,1 и 2,6 осто. Во Шангај, пак, паднаа за околу 0,4 отсто.

Цените на акциите во технолошкиот сектор пораснаа најмногу од утрово, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од кварталниот деловен извештај на „Nvidia“. Најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција објави, по вчерашното затворање на Волстрит, повисоки приходи и заработка од очекуваните од аналитичарите. Дополнително, „Nvidia“ објави проценки за повисоки од очекуваните приходи за тековниот квартал.

Како резултат на тоа, цената на акциите на „Nvidia“ порасна за околу 4 отсто во продолженото тргување по затворањето на Волстрит. Поради ова, фјучерсите S&P 500 и индексот Nasdaq моментално се во пораст за повеќе од 1 отстот, па нивниот раст би можел да продолжи во четврток, по малото зголемување во средата.

„Пазарот е олеснет бидејќи резултатите на ‘Nvidia’ потврдуваат дека побарувачката поврзана со вештачката интелигенција е силна. Доколку цените на акциите во технолошкиот сектор се задржат на овие нивоа до крајот на тргувањето во четврток, може да се каже дека корекцијата во секторот е завршена“, вели Адам Сархан, директор во њујоршската компанија „50 Park Investments“.

Технолошкиот сектор долго време расте силно, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, но во последните недели, некои инвеститори сметаа дека цените на технолошките акции се превисоки, па го префрлија капиталот од него во други сектори. Поради ова, индексот S&P 500 моментално е во пад од околу 3 отсто во споредба со неговото рекордно ниво достигнато во октомври.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена