Европските берзански индекси денеска бележат благо опоравување по големата распродажба на технолошки акции, особено поврзани со вештачката интелигенција во текот на минатата недела.
Според денешниот извештај на Ројтерс, паневропскиот индекс СТОКС денеска порасна за 0,3 насто, што претставува сигнал за пресврт на берзите, откако во минатата недела СТОКС падна за цели 6 насто.
Посебно беше погодена американската берза од сомничавоста на инвеститорите во оправданоста на огромните вложувања во вештачка интелигенција, па технолошката берза НАСДАК само во петокот падна за 5,28 насто.
„Голдман Сакс“оценува дека распродажбата на акциите минатата недела создала привлечна можност за купување американски акции.
Сепак, банката предупредува дека вкупната изложеност на инвеститорите на пазарот и понатаму е висока, што укажува дека можеби ќе изостане поширокото повлекување на инвеститорите од пазарот, кое е неопходно за значителен раст.
Индексот на нестабилност и паника на банката во петокот порасна на 9,8 од максимални 10 поени, приближувајќи се до историски екстремни нивоа.
Хеџ-фондовите агресивно ја намалија својата изложеност на пазарот, а податоците на банката за нејзиното главно брокерско работење покажуваат дека глобалната продажба на акции трае веќе трета недела по ред.
Слични новости
На Европската унија и се заканува недостиг на гас за време на зимата
Европската унија оваа зима би можела да се соочи со недостиг од природен гас од дури 14 милијарди метри кубни, што претставува седум насто од побарувачката на ЕУ.
Цената на нафтата Брент падна на 103 долари по изјавите на Трамп за Иран
Цената на нафтата Брент денеска благо падна на светските берзи, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат...
Европската индустрија бара итна акција на ЕУ во однос на трговијата со Кина
Според наводите на индустриските здруженија трговскиот дефицит на ЕУ со Кина во моментов надминува милијарда евра дневно.


