Европските берзи значително пораснаа во понеделник наутро, бидејќи најдолгото досега затворање на федералната влада би можело наскоро да заврши, бидејќи на повидок е договор во Конгресот за финансирање на услугите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за речиси 1 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, надоместувајќи дел од загубите од минатата седмица. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,54 отсто на 9.735 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 1,39 отсто на 23.898 поени, а парискиот CAC 40 порасна за 0,98 отсто на 8.026 поени.
Доброто расположение на пазарите во голема мера се должи на вестите за напредок во преговорите меѓу републиканците и демократите во Конгресот за финансирање на федералните услуги. Напредок беше постигнат во Сенатот во неделата, а ако овој дом аскоро го прифати законот за финансирање на владата, за тоа ќе се расправа и во Претставничкиот дом. Доколку и овој дом го усвои законот, претседателот Доналд Трамп ќе треба само да го потпише.
Се проценува дека целиот процес би можел да потрае уште неколку дена. Доколку се усвои компромисниот предлог, би завршило најдолгото затворање на федералната влада досега, кое би траело повеќе од 40 дена.
Економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, изјави во неделата дека бруто-домашниот производ (БДП) на САД би можел да биде негативен во четвртиот квартал доколку продолжи затворањето на федералната влада.
Благодарение на знаците за решение на проблемот, американските термински индфекси S&P 500 и Nasdaq остро пораснаа утрово.
Се очекува ова да доведе до закрепнување на глобалните берзи откако цените на акциите нагло паднаа минатата седмица. Технолошкиот сектор беше под најголем притисок во тоа време поради стравувањата на инвеститорите дека цените на акциите на големите технолошки компании, по месеци силен раст, достигнале превисоки нивоа.
А на азиските берзи, цените на акциите пораснаа утрово. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, во истиот термински пресек како и во Европа порасна за речиси 1 отсто, со што надомести дел од загубите од минатата седмица.
Цените на акциите во Шангај, Индија, Австралија, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја претпладнево се зголемија за меѓу 0,5 и 3,1 отсто.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам


