Европските берзи растат трет ден по ред во претпладневното тергување во средата, бидејќи затворањето на американската федерална влада би можело да заврши до крајот на седмицата намалувајќи ги ризиците за економијата.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,4 отсто во првиот пресек од тргувањето, јакнејќи трет ден по ред. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,23 отсто на 9.920 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 0,75 отсто на 24.268 поени, а парискиот CAC 40 доби 0,43 проценти на 8.190 поени.
И на повеќето азиски берзи, цените на акциите пораснаа претпладнево. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските акции, порасна за 0,4 отсто во истиот термински пресек како и во Европа. Истовремено, цените на акциите во Австралија и Шангај паднаа за околу 0,2 отсто, додека во Јапонија, Хонгконг, Индија и Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0,4 и 1,1 отсто.
Берзите го следат вчерашниот раст на Волстрит, кога Dow Jones скокна за повеќе од 1 отсто и достигна рекордни нивоа. Индексот S&P 500, исто така, порасна за 0,21 отсто, додека Nasdaq ослабе за 0,25 отсто.
По силниот пораст на цените на акциите во понеделник, тргувањето на најголемата берза во светот вчера беше попретпазливо, со обем на тргување значително помал од просекот. Сепак, во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа, што главно се должи на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од компаниите и банките.
Пазарот е поддржан и од вестите за напредокот во преговорите меѓу републиканците и демократите во Сенатот за финансирање на работата на федералните агенции, па затоа најдолгото затворање на овие агенции, кое траеше повеќе од 40 дена, треба да заврши оваа седмица.
За разлика од S&P 500 и Dow Jones, индексот Nasdaq падна вчера. Тоа најмногу се должи на падот на цената на акциите на „Nvidia“, откако беше објавено дека јапонската компанија за технолошки инвестиции „Softbank“ продала акции на производителот на чипови за 5,8 милијарди долари.
Цените на акциите на неколку други технолошки компании исто така паднаа, бидејќи инвеститорите се загрижени за високото ниво на цените во тој сектор, по силниот раст оваа година.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам


