Цените на акциите пораснаа на европските берзи во средата наутро, благодарение на надежите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но тргувањето беше претпазливо бидејќи Европската комисија најави контрамерки на американските царини.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,5 отсто, откако паѓаше два дена по ред. Утринава лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 0,20 отсто, на 8.513 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,80 отсто, на 22.505 поени, а париски CAC за 0,78 отсто, на 8.005 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на веста дека Украина е подготвена да го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот со Русија. Сепак, сè уште се чека одговорот на Москва на овој преглед.

Инвеститорите се фокусираат и на контрамерките објавени од Европската комисија, имајќи предвид дека од денеска во САД стапуваат на сила царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум. Комисијата, како што најави утрово, од 1 април ќе ги активира контрамерките кои би можеле да се применат за увоз на американски стоки во вредност од 26 милијарди евра, што одговара на економскиот опфат на американските царини.

И на азиските берзи се тргува претпазливо. Индексот MSCI на азиските акции порасна за 0,2 отсто. Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја пораснаа за 1,5 отсто. Во Шангај, Хонгконг и Австралија паднаа меѓу 0,2 и 1,3 отсто.

На азиските берзи се тргува неизвесно, како што беше случајот вчера на Волстрит, кога индексот Dow Jones падна за 1,14 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,76 отсто, а Nasdaq индексот 0,18 отсто. Падот на индексите втор ден по ред се должи на загриженоста на инвеститорите за царинската војна меѓу САД и Канада.

Канадските власти се заканија дека ќе воведат специјална такса за извозот на електрична енергија во САД, а американскиот претседател Доналд Трамп одговори со закана дека ќе ги зголеми царините за увоз на железо и алуминиум од Канада од 25 на 50 отсто.

Иако канадските власти подоцна ја отфрлија специјалната давачка а Вашингтон се откажа од зголемувањето на тарифите, на пазарот останува неизвесноста бидејќи постојаното менување на царините може да им наштети на економијата и довербата на потрошувачите и инвеститорите.
Затоа вчера во еден момент индексот S&P 500 падна на територијата на корекција, повеќе од 10 отсто под неговото рекордно високо ниво. Сепак, до крајот на тргувањето, тој се повлече од таа област.

globe

Слични новости

Еврото зајакна во однос на доларот втора семица по ред

Еврото зајакна во однос на доларот втора семица по ред

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна минатата седмица, втора по ред, при што еврото дополнително зајакна во однос на доларот бидејќи зголемената јавна потрошувачка во Германија може да го забрза економскиот раст

Светските берзи во пад под притисокот од цаинската војна

Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата седмица бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст

Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта

Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта

Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.