Во петокот во претпладневнот тргување цените на акциите пораснаа втор ден по ред на европските берзи, по вчерашниот раст на њујоршки Волстрит, каде што индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, зајакнувајќи втор ден по ред. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,45 отсто на 9.745 поени, додека Франкфуртскиот DAX порасна за 0,57 отсто на 24.430 поени, а парискиот CAC за 0,53 отсто на 8.128 поени.

Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските акции, порасна за 0,7 отсто во истиот теремински пресек како и во Европа. Во исто време, цените на акциите во Шангај, Индија, Австралија, Јужна Кореја, Јапонија и Хонгконг пораснаа за меѓу 0,4 и 1,7 отсто.

Така, берзите го следеа вчерашниот раст на Волстрит, каде што индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа. Dow Jones порасна за 1,34 отсто, а S&P 500 за 0,21 отсто. Сепак, индексот Nasdaq падна за 0,25 отсто.

Податоците на Dow Jones и S&P 500 се благодарение на надежите на инвеститорите дека економскиот раст ќе се забрза, откако американската централна банка во среда ги намали каматните стапки за 0,25 отсто поени, на опсег од 3,50 до 3,75 отсто.

Дополнително, на последниот состанок за оваа година, челниците на Fed ги зголемија своите проценки за економскиот раст следната година од 1,8 на 2,3 отсто.

Цените на акциите во рударскиот сектор вчера најмногу пораснаа, во просек за 2,2 отсто, а финансискиот сектор за 1,8 отсто. Од друга страна, цените на акциите во комуникацискиот сектор најмногу паднаа, за 1 отсто, а технолошкиот сектор за 0,6 отсто. Тоа е последица на загриженоста на инвеститорите по послабите од очекуваните деловни резултати на „Oracle“.

globe

Слични новости

Цените на среброто соборуваат рекорди

Цените на среброто соборуваат рекорди

Индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката. Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.

Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed

Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed

На Волстрит берзанските индекси во вторникот забележаа само мали придвижувања, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на одлуките од состанокот на челниците на американската централна банка