На европските берзи седмицата започна со берзански индекси во „зелено“, што само го зголемува контрастот во изведбите на пазарите на капитал во Европа и на Волстрит, но инвеститорите тргуваат внимателно, стравувајќи од нова нестабилност што ги потресе светските берзи последните седмици.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневен пресек од тргување порасна за 0,46 отсто, при што повеќето берзански индекси забележаа раст. Истовремено, франкфуртски DAX порасна за 0,27 отсто, на 23.045 поени, лондонски FTSE за 0,16 отсто, на 8.645 поени, а париски CAC за 0,3 отсто, на 8.052 поени.

 

Европските пазари завршија повисоко во петокот, откако германските пратеници, наводно, се приближија до договор за реформирање на таканареченото правило за ограничување на долгот на земјата. Извештаите во медиумите покажуваат дека веројатно следниот германски канцелар Фридрих Мерц добил поддршка од Партијата на зелените за зголемување на јавното задолжување за да се овозможи зголемување на трошоците за одбрана. Предлогот, кој бара промена на германскиот устав, бара поддршка од две третини од пратениците избрани во парламентот на земјата. Се очекува Бундестагот да гласа за реформата во вторник.

Инвеститорите внимателно ќе ги следат американските пазари оваа седмица откако Dow Jones минатата ги забележа своите најлоши перформанси од 2023 година, бидејќи инвеститорите стравуваат дека трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп со воведувањето царини за увоз на бројни производи може да предизвика дополнително економско забавување. Поради неизвесноста, многумина се прашуваат дали корекцијата на Волстрит може да се претвори во мечкин пазар. Фјучерс индексите на Волстрит укажуваат на натамошен пад на цените на акциите на најголемата светска берза.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервјуто во неделата рече дека „нема гаранции“ дека нема да дојде до рецесија во САД, што дополнително ја зголемува загриженоста на инвеститорите.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 порасна за 7,6 отсто од почетокот на годината, што е во целосна спротивност со клучниот американски индекс S&P 500, кој минатата седмица влезе во територијата на корекција и загуби 4,3 отсто од почетокот на годината.

„Европските и кинеските берзи имаат особено корист од слабоста на американскиот пазар, бидејќи инвеститорите се префрлија од верувањето дека ‘нема алтернатива за американските средства’ во ‘постои вистинска алтернатива’“, вели Енди Вонг, виш управен директор во „Pictet Asset Management“ со седиште во Хонгконг.

На токиската берза индексот Никеи во понеделникот падна за 0,93 отсто, на 37.396 поени.

globe

Слични новости

Внимателно тргување во Европа додека се чекаат одлуките на централните  банки

Внимателно тргување во Европа додека се чекаат одлуките на централните банки

На европските берзи се тргува претпазливо во четврток додека инвеститорите ги очекуваат одлуките на голем број европски централни банки за каматните стапки, при што цените на акциите во секторот недвижности и енергетика значително се зголемуваат, додека во туристичкиот сектор паѓаат

Доларот стагнира, златото на ново рекордно ниво

Доларот стагнира, златото на ново рекордно ниво

Индициите на американската централна банка дека веројатно ќе ги намали каматните стапки двапати до крајот на годината го задржаа курсот на доларот во однос на водечките светски валути блиску до најниското ниво во последните пет месеци

Волстрит порасна по проценките на Fed

Волстрит порасна по проценките на Fed

Цените на акциите пораснаа на Волстрит во средата, откако американската централна банка ги задржа проценките за намалување на каматните стапки, а нејзиниот претседател рече дека не се очекува значителен економски пад