Европските берзи на акции оваа година бележат силен раст и покрај раните очекувањеа дека војната на Блискиот исток ќе предизвика стагфлација во Европа. Индексот

„Стокс Европа 600“ порасна за 12 проценти од почетокот на годината, додека берзанските индекси на Германија, Италија и Франција достигнаа рекордни нивоа, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Инвеститорите се повеќе вложуваат во европските акции и обврзници привлечени од најдобрата сезона на берзите во последните четири години, како и постепеното засилување на европската економија.

Истовремено, растот на берзите е доволно слаб за да не создаде голем притисок врз Европската цебтрална банка дополнително да ја заострува монетарната политика.

 

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно