Европските берзи благо пораснаа во петокот претпладнето, како и вчера, кога инвеститорите беа охрабрени од намалувањето на каматните стапки во Велика Британија и повисоките проценки за економски раст во еврозоната.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,1 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето и е на пат кон добивки оваа седмица. Претпладнево, лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,12 отсто на 9.849 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,11 отсто на 24.225 поени, а парискиот CAC 40 порасна за 0,12 отсто на 8.160 поени.
Претпладнево на берзите се тргува помирно од вчера, кога цените на акциите значително пораснаа откако британската централна банка ги намали каматните стапки за 0,25 отстотни поени на 3,75 проценти, бидејќи инфлацијата во Велика Британија се намалува.
Европската централна банка (ЕСВ), пак, вчера ги остави каматните стапки непроменети на 2 отстотни и сигнализираше дека циклусот на намалување на каматните стапки веројатно е завршен. Сепак, ги зголеми своите проценки за економскиот раст во еврозоната оваа година на 1,4 отсто.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонски, порасна за 0,7 отсто во истиот пресек од тргувањето како и во Европа. Цените на акциите во Шангај, Австралија, Индија, Хонгконг, Јужна Кореја и Јапонија пораснаа за меѓу 0,4 и 1,1 отсто.
Цените на акциите најмногу пораснаа од утрово на берзата во Токио, иако тамошната централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,25 отстотни поени, на 0,75 отсто, што е највисоко ниво за 30 години. Дополнително, централната банка сигнализираше дека се можни натамошни зголемувања на каматните стапки следната година, доколку е потребно, со оглед на нивото на инфлација.
Слични новости
Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути се зголеми во претпладневното тргување во петокот
Попуштањето на инфлацијата го поттикнува растот на Волстрит
На њујоршки Волстрит, берзанските индекси пораснаа во четвртокот, бидејќи податоците за ублажување на инфлациските притисоци во САД ги поддржаа надежите за натамошно намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка
Цените на нафтата на нивото од 60 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во четвртокот на меѓународните пазари на 60 долари, што ги одразува шпекулациите на трговците за можното влијание на американската блокада на санкционираните танкери во Венецуела врз снабдувањето


