На европските берзи индексот STOXX 600 благо порасна во вторникот, достигнувајќи ново рекордно ниво, со најголем пораст на цените на акциите во одбранбениот сектор, бидејќи лидерите на Европската унија најавија зголемување на инвестициите во одбраната.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладневниот пресек од тргувањето порасна за 0,2 отсто и достигна ново рекордно ниво. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 0,08 отсто, на 8.775 поени, додека франкфуртски DAX падна за 0,11 отсто, на 22.755 поени, а париски CAC за 0,09 отсто, на 8.180 поени.
Берзите се претпазливи бидејќи инвеститорите ги следат случувањата во врска со договорите за почеток на мировни преговори меѓу Русија и Украина, додека тензиите меѓу ЕУ и САД се зголемуваат поради несогласувањата за тоа како треба да се водат овие преговори.
Најмногу пораснаа цените на акциите во одбранбениот сектор, бидејќи челниците на Европската унија најавија зголемени инвестиции во одбраната со цел да се зголеми нивото на безбедност.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиските акции беше во плус 0,3 отсто во истиот временски пресек како и во Европа. Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 0,25 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 0,6 и 1,6 отсто. Во Австралија и Шангај, пак, паднаа меѓу 0,6 и 0,9 отсто.
Централната банка на Австралија утринава ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, на 4,10 отсто, како што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters. Но, бидејќи цените на австралиските акции паднаа, некои инвеститори се чини дека очекуваа поостро намалување на каматните стапки.
Од друга страна, во Хонгконг цените на акциите значително пораснаа, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од владиниот став кон приватниот сектор. Вчера кинескиот претседател Си Џинпинг, по состанокот со водечките извршни директори на кинеските компании, изјави дека постои голем потенцијал за развој на приватното претприемништво и ги повика претприемачите „да го покажат својот талент“.
Цените на акциите пораснаа и на повеќето други берзи во регионот, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од благиот, но сепак значителен пораст на американските фјучерси индекси. Вчера Волстрит беше затворен поради празник, а утринава терминските индекси предвидуваат раст на цените на акциите на почетокот на денешното тргување.
Слични новости
Венс: Се очекува договор на високо ниво за ТикТок до 5 април
Тикток се соочи со проблеми во САД откако на 19 јануари стапи во сила закон со кој се бара од сопствениците на Тикток кинеската компанија Бајтденс да го продадат, поради загрозување на американската национална безбеност или во спротивно ќе биде забранет.
Цените на нафтата над 70 долари
Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот над нивото од 70 долари, а инвеститорите проценуваат дека преговорите за ставање крај на руско-украинската војна ќе потрае и ќе го одложат враќањето на руската нафта на западните пазари
BMW очекува царински трошоци од милијарда евра
Царинити ќе го чинат BMW милијарда евра оваа година, изјави во петокот извршниот директор на германскиот производител на луксузни автомобили Оливер Зипсе, наведувајќи ги трошоците за европските царини за електричните автомобили од кинеско производство и американските царини за увоз на челик и алуминиум