Цените на акциите благо паднаа на европските берзи во петокот, откако вчера достигнаа рекордни нивоа, бидејќи инвеститорите се фокусираа на кварталните деловни резултати на европските компании.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,1 отсто, лизгајќи се од рекордно високо ниво. Но, таа е на пат за неделни добивки осма недела по ред. Лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,31 отсто, на 8.737 поени, а франкфуртски DAX за 0,36 отсто, на 22.530 поени. Парискиот CAC порасна за 0,14 отсто на 8.175 поени.

Откако вчера цените на акциите достигнаа рекордно ниво, благодарение на добрите деловни резултати на европските компании и надежите на инвеститорите за прекин на војната меѓу Русија и Украина, од утрово на берзите се тргува повнимателно.

И на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Азискиот берзански индекс MSCI порасна за 0,8 отсто и е на пат на добивка оваа семица. Јапонскиот индекс Nikkei падна за 0,8 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 3,7 отсто.

Како и претходните денови, најмногу порасна индексот Hang Seng во Хонгконг, главно благодарение на континуираниот раст на цените на акциите на компаниите кои развиваат решенија базирани на вештачка интелигенција. Благодарение на еуфоријата по успехот на решението за вештачка интелигенција на кинескиот стартап „DeepSeek“ на Запад, индексот на секторот за вештачка интелигенција достигна највисоко ниво во последните три години, при што индексот Hang Seng скокна за околу 5 проценти оваа седмица, најмногу во регионот.

Позитивно на пазарите влијае и вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит. Dow Jones порасна за 0,77 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,04 отсто, а Nasdaq индексот за 1,50 отсто.

Растот на индексот е најмногу благодарение на корекцијата на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, кои беа под притисок во претходните денови. Цената на акцијата на „Tesla“ скокна за речиси 6 отсто, на „Nvidia“ повеќе од 3 отсто, а на „Apple“ за 2 отсто.

Инвеститорите беа охрабрени и од одложувањето на воведувањето на цаините. Имено, се очекуваше во наредните денови американскиот претседател Доналд Трамп да објави детали за новите царини, но Белата куќа соопшти дека се уште се анализира кои земји треба да воведат или зголемат царини и дека заклучоците ќе бидат познати следната седмица. Трамп вчера потврди дека ќе воведе царини за увоз од сите земји кои наплаќаат царини за увоз на американски производи.

globe

Слични новости

BMW очекува царински трошоци од милијарда евра

BMW очекува царински трошоци од милијарда евра

Царинити ќе го чинат BMW милијарда евра оваа година, изјави во петокот извршниот директор на германскиот производител на луксузни автомобили Оливер Зипсе, наведувајќи ги трошоците за европските царини за електричните автомобили од кинеско производство и американските царини за увоз на челик и алуминиум

Златото над 3.000 долари

Златото над 3.000 долари

Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски тензии и намалување на каматните стапки

Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија

Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија

На европските берзи во петокот претпладнето се тргува претпазливо, како и претходните денови, бидејќи инвеститорите се загрижени за царинската војна меѓу САД и Европската унија, додека индексите се на пат да остварат седмични загуби