Цените на акциите пораснаа на европските берзи во четвртокот претпладнето, бидејќи инвеститорите се надеваат дека иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе доведе до крај на војната меѓу Русија и Украина.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот пресек од тргувањето порасна за 0,5 отсто, достигнувајќи ново рекордно ниво. Иако лондонскиот FTSE индекс падна за 0,45 отсто, на 8.767 поени, франкфуртски DAX порасна за 1,06 отсто, на 22.380 поени, а париски CAC за 0,86 отсто, на 8.110 поени.
На берзите владее добро расположение, бидејќи инвеститорите се надеваат на крај на војната меѓу Русија и Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, кои изразија желба да започнат мировни преговори.

Благодарение на ова, европските термински индекси уште пред отворањето на физичкото тргување силно пораснаа, најавувајќи продолжување на повеќедневниот раст на цените на акциите на европските берзи.
„Оптимизмот е веројатно малку предвремен. Нацрт-договорот предложен од Вашингтон содржи обврска на Украина да не бара членство во НАТО и да отстапи дел од својата територија. Големото прашање е дали Украина е подготвена за тоа“, вели Кајл Рода, аналитичар на „Capital.com“.
Пазарите се поддржани и со подобри од очекуваните квартални деловни резултати од европските компании. Благодарение на ваквите резултати претпладнево цената на акциите на „Nestle“ скокна за речиси 7 отсто, а на „Siemens“ речиси 6 отсто.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи во четвртокот, исто така, поради тоа што пораснаа надежите дека војната меѓу Русија и Украина може да заврши наскоро, ставајќи ја веста за зголемената инфлација во САД во втор план.
Индексот MSCI на азиските акции часот порасна за 0,3 отсто. Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 1,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 2,3 отсто.
ПРетпладнево најмногу порасна хонконшкиот индекс Hang Seng, најмногу благодарение на континуираниот раст на цените на акциите на компаниите кои развиваат решенија засновани на вештачка интелигенција. Благодарение на еуфоријата по успехот на решението за вештачка интелигенција на кинескиот стартап „DeepSeek“ на Запад, овој сектор силно порасна, при што индексот Hang Seng порасна за повеќе од 10,6 отсто од почетокот на годината, најмногу во регионот.
Претпладнево има добро расположение и на другите азиски берзи бидејќи инвеститорите се надеваат на крај на војната меѓу Русија и Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, а потоа им нареди на највисоките американски претставници да започнат разговори со двете страни за ставање крај на војната.
Слични новости
Трамп се закани со царини од 200 отсто за алкохолите, ако ЕУ не ги укине царините за виски
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите вина и други алкохолни производи од Европската унија, доколку Унијата не ги укине царините за американското виски
Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп
Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.
Благ пораст на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневото тргување во четвртокот