Европските берзански индекси денеска главно се во плус по благиот пад на цената на нафтата Брент на околу 88 долари за барел.
Стабилизацијата на цената на енергентите го подобри расположението на инвеститорите и ги налами притисоците за инфлаторни очекувања.
Цената на нафтата Брнет денеска во 10 часот падна за 1.09 насто на 88,027 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ порасна за 1,22 насто на 82,1 долар за барел.
Германскиот берзански индекс ДАКС забележа пораст од 0,31 насто, францускиот ЦАЦ за 0,12 насто, а падна британскиот ФТСЕ за 0,37 проценти.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.
Лондонски Хитроу ја загуби титулата на најпрометен аеродром во Европа
Лондонскиот Хитроу во јули ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако низ неговите терминали поминаа 7,86 милиони патници, додека на аеродромот во Истанбул минаа 8,15 милиони патници.
Европските берзи пркосат и покрај предвидувањата за војна и стагфлација
Европските берзи на акции оваа година бележат силен раст и покрај раните очекувањеа дека војната на Блискиот исток ќе предизвика стагфлација во...


