Во петок во претпладневното тргување цените на акциите паднаа на европските берзи, како и на Волстрит претходниот ден, но сè уште се на пат кон значителен раст оваа седмица.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во пад од 0,9 отсто претпладнето, но сè уште е на пат кон седмична добивка од повеќе од 1,5 отсто. Утрово, лондонскиот индекс FTSE падна за 1,05 отсто на 9.705 поени, додека франкфуртскиот DAX падна за 0,58 отсто на 23.900 поени, а парискиот CAC за 0,43 отсто на 8.196 поени.
Така, европските берзи ја следат вчерашната насока на Волстрит, каде што берзанските индекси го забележаа својот најголем дневен пад за повеќе од еден месец. Dow Jones се лизна за 1,65 отсто, додека S&P 500 потона за 1,66 отсто, а индексот Nasdaq за 2,29 отсто.
Технолошкиот сектор беше под најголем притисок вчера, што се случува често во последните недели, бидејќи инвеститорите стравуваат дека цените на акциите во тој сектор се превисоки. Овој сектор расте силно долго време, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, но сега некои инвеститори веруваат дека цените на технолошките акции се превисоки, па затоа го префрлаат капиталот од него во други сектори. Вчера, меѓу другите, акциите на „Nvidia“, „Broadcom“ и „Tesla“ паднаа меѓу 3,6 и 6,6 отсто.
Цените на акциите, исто така, остро паднаа на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, падна за повеќе од 1 отсто околу 9:30 часот претпланднето по средноевропско времео, откако порасна во претходните четири дена. Цените на акциите во Индија, Шангај, Австралија, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја паднаа за меѓу 0,1 и 3,4 отсто.
Азиските инвеститори се загрижени од податоците објавени утрово кои покажуваат дека економскиот раст на Кина забавува. Продажбата на мало порасна за 2,9 отсто на годишно ниво во октомври, побавно од еден месец претходно, а индустриското производство, исто така, забави на 4,9 отсто на годишно ниво.
Дополнително, во првите десет месеци од оваа година, инвестициите во фиксен капитал, вклучително и недвижности, се намалија за 1,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Дополнително, акциите на технолошките компании се под притисок на азиските берзи, исто како и вчера на Волстрит.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


