Европските берзи паднаа во петокот во претпладневното тргување предводени од падот на цените на акциите на авиокомпаниите, откако пожарот на лондонскиот аеродром Хитроу ги запре сите летови на еден од најпрометните аеродроми во светот, додека инвеститорите се внимателни и поради зголемените трговски тензии во светот.
Паневропскиот индекс Stoxx 600 во претпладневниот пресек од тргувањето беше во минус од 0,5 отсто, а најмногу паднаа акциите во секторот туризам+авијација, во просек за 2,1 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX загуби 0,92 отсто, на 22.786 поени, лондонски FTSE загуби 0,58 отсто, на 8.651 поен, а париски CAC загуби 0,76 отсто, на 8.032 поени.

Акциите на авиокомпаниите беа под притисок на продажба откако голем пожар го затвори британскиот аеродром Хитроу, со што беше запрен целиот сообраќај на еден од најпрометните аеродроми во светот. Акциите на IAG паднаа за 3,1 отсто, на „Lufthansа“ за 1,2 отсто, на „Air France KLM“ за 2 отсто, а на „easyJet“ за 1,3 отсто.
Најголем губитник беше акцијата на синџирот парфеми „Douglas“, чија цена падна за 18,3 отсто, откако германскиот продавач на парфеми и козметика ги намали своите деловни изгледи за целата година.
Индексот Stoxx 600 сè уште е во раст од 0,7 отсто од почетокот на седмицата, најмногу благодарение на растот на цените на акциите на берзата во Франкфурт, бидејќи Долниот дом на германскиот парламент гласаше за зголемување на трошоците насочени кон заживување на растот на најголемата европска економија и зголемување на воените трошоци. Горниот дом се очекува да гласа за него подоцна во текот на денот.
Но, како што одминуваше седмицата, инвеститорите стануваа сè повнимателни, поради зголемените трговски тензии во светот предизвикани од царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп. Овие тензии беа наведени од повеќето водечки централни банки оваа седмица како причина за непроменување на каматните стапки. Наместо тоа, тие одлучија да одвојат време за попрецизно да ги проценат сите импликации од зголемувањето на царините врз глобалната економија, како и другите геополитички несигурности, првенствено поврзани со Блискиот исток и Украина.
Слични новости
Американски „BlackRock“ тргнува во лов на европските заштеди
Американскиот конгломерат „BlackRock“ има намера да привлече нова генерација Европејци и нивни инвестиции, особено во Источна Европа, со проширена понуда на финансиски производи, изјави директорот на американскиот инвестициски гигант за Reuters, надоврзувајќи се на новите планови на Европската унија за штедење на домаќинствата
„Nestlé“ го намалува производството во Германија
Швајцарскиот прехранбен гигант „Nestlé“ најави намалување на производствениот капацитет во Германија, наведувајќи ја зголемената чувствителност на цените на клиентите и повисоките трошоци за производство
Цените на нафтата стабилни на 72 долари
Цените на нафтата се задржаа стабилни на 72 долари на меѓународните пазари во петокот, балансирајќи меѓу проценките дека новите американски санкции ќе го намалат извозот на иранска нафта и индициите дека водечките производители го прекршуваат договорот за контрола на снабдувањето