Европските берзански индекси денеска се движат блиску до рекордните вредности на бранот на позитивниот сентимент на пазарите и берзите. Цената на нафтата и натаму е во пад со истовремен раст на цената на златото, додека инвеститорите ги анализираат прелиминарните податоци за инфлацијата во Франција и го очекуваат извештајот за инфлацијата во Германија.

Акциите на европските компании од секторот на одбраната, како и технолошките и рударските фирми, забалежаа раст на почетокот од неделата, по настаните во Венецуела и проценката дека во наредниот период ќе се засили побарувачката за оружје.

Американските индекси пораснаа отако американскиот претседател Трамп ги повика американските енергетски компании да инвестираат во Венецуела, а индексот Дау Џонс кој опфажа 30 компании, забележа рекордна вредност на затварањето во понеделникот.

Слични новости