Европските берзански индекси главно се во благ раст. Европскиот Еуро стокс 50 порасна за 0,58 насто, германскиот Дакс се качи за 1,49 насто, а францускиот ЦАЦ за 0,44 насто.
Американските берзански индекси се во благ пад. Индексот на 500-те најбогати американски компании Си П 500 падна за 0,07 насто, додека америкаската берза Насдак падна за 0,51 насто.
Златото е на истите нивоа, додека цената на пченицата порасна за 2 насто во однос на понеделникот. Курсот на еврото во однос на доларот изнесува 1.164.
Слични новости
САД и дадоа на ЕУ рок до 4-ти јули за трговски договор
Американската администрација и даде рок до 4 јули на ЕУ да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа.
Нови рекорди на Волстрит
Берзанските индекси на Волстрит повторно достигнаа рекордни нивоа, додека силен раст бележат и азиските пазари, поттикнати од побарувачката за технологии поврзани со вештачката интелигенција.
Нафтата Брент денеска благо порасна на 102 долари за барел, по падот од 8 проценти во средата
Откако потенцијалниот договор меѓу САД и Иран за целосно окончување на војната придонесе за пад на нафата на светските берзи за 8 насто во средата, денеска цената на нафтата повторно бележи благ пораст, а барел Брент чини 102 долари на светските берзи.


