Цените на европските акции остро паднаа во петокот претпладнето, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот од Европската унија.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,8 отсто во првито пресек од дневнтоо тргување и се лизна на најниското ниво за еден месец. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,36 отсто, на 8.076 поени, додека франкфуртски DAX падна за 0,94 отсто, на 19.780 поени, а париски CAC 0,99 отсто, на 7.225 поени.
Индексите паднаа втор ден со ред како резултат на изјавата на Трамп дека Европската унија ќе мора да купува повеќе американска нафта и гас за да го намали трговскиот дефицит или да воведе царини.
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,6 отсто во истиот пресек од тргувањето како и во Европа и се лизна на најниското ниво во последните три месеци. Од почетокот на неделата загуби околу 3 отсто. Претпладнево индексот Nikkei падна за 0,3 отсто на Токиската берза, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 1,3 отсто.
Кинеските берзански индекси во претпладневното тргување се релативно стабилни, иако централната банка на земјата ги остави каматните стапки непроменети, што значи дека новиот монетарен стимул е во мирување уште некое време.
Азиските инвеститори од рано утрото се претпазливи, бидејќи американските термински (фјучерси) индекси моментално се во минус, па цените на акциите на Волстрит би можеле да продолжат да паѓаат и денеска. Имено, инвеститорите се загрижени поради можноста за прекин на работата на некои владини служби во САД, бидејќи во Конгресот сѐ уште не е постигнат договор за привремено финансирање на овие услуги.
Доналд Трамп ги повика пратениците да го отфрлат нацрт-законот за привремено финансирање, предложен од администрацијата на Џо Бајден и предложи сопствен закон за финансирање, кој содржи големо зголемување на трошоците или јавниот долг. Но, некои републикански пратеници не сакаат да го поддржат предлогот на Трамп.
Поради ова, дел од владините служби би можеле да прекинат со работа во сабота, а се проценува дека овој конфликт меѓу републиканците покажува дека Трамп нема да може да ги спроведе сите свои идеи во Конгресот непречено како што се очекуваше.
На ист начин, најавите на Трамп за воведување тарифи, даночни намалувања и зголемени државни трошоци, освен што ќе го стимулираат економскиот раст, може да предизвикаат и пораст на инфлацијата.
А ова, пак, може да ја наведе американската централна банка дополнително да го забави темпото на олабавување на монетарната политика. Цените на акциите на Волстрит остро паднаа во средата, како и повеќето од главните светски берзи, откако Fed сигнализираше дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки. Евентуалното дополнително забавување на тоа темпо најверојатно ќе изврши дополнителен притисок врз пазарите на акции.
Слични новости
Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци
Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто
Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција
Со спојувањето на овие два прозиводители на автомобили би се формирала компанија чија вредност ќе надминува 41 милијарда фунти, со што пазарната вредност на работење би ја исфрлило компанијата пред Тојота, Форд и Стелантис.
Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed
На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот