Во понеделник претпладнето, првиот работен ден од декември, цените на акциите паднаа на европските берзи, откажувајќи се од дел од добивките од минатата седмица.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,3 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,15 отсто на 9.705 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,64 отсто на 23.685 поени, а парискиот CAC за 0,54 отсто на 8.079 поени.

По силниот раст на овие индекси минатата седмица, претпладнево следеше корекција, при што речиси сите берзи и речиси сите сектори беа во минус.

Во прилог на пазарите не оди и падот на американските термински (фјучер)индекси, што најавува нестабилно тргување во понеделник на Волстрит, откако цените на акциите на најголемата светска берза остро пораснаа минатата седмица.

Азиските берзи, исто така, тргуваат претпазливо претпладнево. Индексот MSCI Азиско-пацифички регион, без јапонските, падна за 0,1 отстот во истиот временски пресек како и во Европа. Цените на акциите во Индија, Јужна Кореја, Австралија и Јапонија паднаа за меѓу 0,1 и 1,9 отсто, додека во Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,4 и 0,6 отсто.

Цените на акциите претпладнево најмногу паднаа на берзата во Токио, бидејќи инвеститорите стравуваа дека јапонската централна банка наскоро ќе ги зголеми каматните стапки поради зголемената инфлација.

Пазарите се негативно погодени и од најновите извештаи што покажуваат дека индексот на производствена активност PMI ослабе во ноември во сите најголеми економии во регионот – Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван.

Сепак, кинеските берзи донекаде зајакнаа бидејќи слабите економски податоци ги поддржуваат надежите на инвеститорите дека властите наскоро ќе воведат дополнителни мерки за стимулација.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица