Европските берзански индекси денеска главно се во пад откако проектил погоди товарен брод во Ормутскиот теснец, што предизвика нови стравувања за пореметување на пазарот на нафтата.

Инцидентот се случи непосредно пред истекувањето на договорот за примирје меѓу САД и Иран. Двете страни не постигнаа нов договор, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за продолжување на примирјето во блиска иднина, оценувајќи дека Техеран не е подготвен да ги прифати клучните услови на Вашингтон.

Германскиот берзански индекс забележа пад од 0,45 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,22 насто, додека берзата во Милано падна за 0,36 насто. Единствено лондонскиот ФТСЕ порасна за 0,19 насто.

Слични новости