Цените на европските акции паднаа во вторникот претпладнево, повлекувајќи се од некои од вчерашните добивки додека инвеститорите чекаат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладневниот пресек од тргувањето беше во минус за 0,2 отсто, по вчерашниот раст. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,47 отсто, на 8.310 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,23 отсто, на 20.300 поени, а париски CAC 0,29 отсто, на 7.458 поени.

А на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за 0,3 отсто во истиот пресек како и во Европа. Истовремено, индексот Nikkei порасна за 0,5 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,6 и 2,4 отсто. Во Австралија и Хонгконг паднаа за околу 0,4 отсто.
Најмногу претпладнево пораснаа цените на акциите во Јужна Кореја, што најмногу се должи на корекцијата по остриот пад минатата седмица. Политичката криза, која минатата седмица ја предизвика претседателот Јун Сук Јеол, кога прво ја воведе а потоа ја укина вонредната состојба, сè уште не е решена, но инвеститорите се надеваат дека ситуацијата наскоро ќе се стабилизира.
Позитивно на берзите има и ветувањето на кинеските власти за нови фискални стимулативни мерки и олабавување на монетарната политика следната година со цел да се забрза економскиот раст.
Сите најнови податоци укажуваат на побавен од очекуваниот раст на втората по големина светска економија и покрај серијата стимулативни мерки на кинеските власти од почетокот на оваа година. Тоа го потврдуваат и податоците објавени утрово за растот на кинескиот извоз во ноември за 6,7 отсто на годишна основа, значително побавен од еден месец претходно и послаб од очекуваното.
Ова укажува на слабост на странската побарувачка, додека на слабост на домашната побарувачка укажуваат податоците за падот на увозот за 3,9 отсто на годишна основа, највисок од крајот на 2023 година.
Слични новости
Доларот останува под притисок, цената на нафтата паѓа
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на почетокот на седмицата, откако минатата потона за повеќе од 3 отсто
Еврото зајакна во однос на доларот за повеќе од 4 отсто, најмногу во последните 16 години
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата седмица, при што курсот на еврото во однос на доларот скокна за повеќе од 4 отсто, што е негова најголема седмична добивка во последните 16 години.
Волстрит падна поради пресвртите на Трамп, европските берзи растат
На Волстрит цените на акциите драстично паднаа минатата седмица поради неизвесноста околу трговската политика на Вашингтон, додека европските берзи пораснаа откако Европската централна банка дополнително ги намали каматните стапки