Цените на европските акции паднаа во вторник претпладнето втор ден по ред, додека инвеститорите ги чекаат одлуките на челниците на неколку централни банки кои би можеле да влијаат на насоката на пазарите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше во минус од 0,4 отсто, губејќи втор ден по ред. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,77 отсто, на 8.198 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,23 отсто, на 20.268 поени, а париски CAC 0,46 отсто, на 7.325 поени.
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,4 отсто во истиот момент од тргувањето како и во Европа. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,5 и 1,3 отсто. Во Австралија, пак, тие се зголемени за 0,8 отсто.
На почетокот на денешното тргување, повеќето берзански индекси беа во позитива, но подоцна овие добивки беа изгубени.
Во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе биде дводневната средба на челнциите на американската централна банка, која започнува во вторник. Во среда Fed ќе ги објави своите одлуки, а пазарот очекува да ги намали каматните стапки по третпат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени.
До крајот на седмицата следуваат и седниците на некои други големи централни банки. Во четврток челниците на јапонската централна банка ќе ги објават своите одлуки за монетарната политика, а во петок челниците на кинеската централна банка.
Слични новости
Стагнираат доларот и цените на нафтата
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот
Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во понеделникот, како и Nasdaq, кој достигна ново рекордно високо ниво, главно благодарение на порастот на цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании
Речиси секој четврти работник во Европа е мигрант
Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто