Европските берзи денеска трет ден по ред бележат благ раст, а на берзите поскапеа и цените на нафтата и златото.
Цената на референтната нафта Брент поскапе за 0,49 на 92 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,20 насто на 86,25 долари.
Во благ пораст денеска се и германскиот ДАКС, францускиот ЦАЦ и италијанската берза, додека лондоснки ФТСЕ падна за 0,2 насто.
Слични новости
САД најавиja укинување на царините за ирското виски
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на престојот во Ирска на голф турнир на терен кој е во негова сопственост, изјави дека Вашингтон ќе ги укине царините за ирското виски.
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември
Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.
Вашингтон не се противи кинеските производители на автомобили да отворат фабрики во САД
Американската администрација не се противи кинеските производители на автомобили да отворат фабрики во САД и покрај силните критики од американските конгресмени и автокомпаниите.


