Европските берзи денеска трет ден по ред бележат благ раст, а на берзите поскапеа и цените на нафтата и златото.
Цената на референтната нафта Брент поскапе за 0,49 на 92 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,20 насто на 86,25 долари.
Во благ пораст денеска се и германскиот ДАКС, францускиот ЦАЦ и италијанската берза, додека лондоснки ФТСЕ падна за 0,2 насто.
Слични новости
Распродажба на технолошките акции на берзите пред објавувањето на кварталните резултати на Енвидија
На глобалните пазари во тек е распродажба на технолошките акции пред објавувањето на кварталните резултати на технолошкиот гигант „Енвидија“ за прв пат по оставката на нејзиниот извршен директор Џејсон Хуанг.
Јапонската економија забележа пад во третиот квартал
Економијата на Јапонија во третиот квартал од годинава го забележа првиот пад, откако растот на трошоците за живот и поскапиот увоз на енергенти влијае врз намалување на потрошувачката на домаќинствата и слабеење на надворешната трговија
Се продлабочува кризата во Енвидија, Хуанг размислува да се врати на чело на компанијата
Хуанг ја разгледува можноста да се врати во компанијата додека Управниот одбор на Енвидија спроведува независна истрага за неговото однесување кое предизвика сериозна криза во раководењето со компанијата чија пазарна вредност се проценува на 4 билиони долари.


