Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во четвртокот претпладнето, надоместувајќи дел од вчерашните загуби, додека инвеститорите ги анализираат кварталните деловни извештаи на европските компании.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во првиот пресек од тргувањето, по вчерашниот пад. Истовремено, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,33 отсто, на 9.546 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 0,23 отсто, на 24.205 поени, а парискиот CAC за 0,24 отсто, на 8.225 поени.
Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските, порасна за 0,2 отсто во истиот термински пресек како и во Европа. Во исто време, цените на акциите во Австралија, Шангај, Индија и Хонгконг пораснаа за меѓу 0,1 и 0,8 отсто, додека во Јужна Кореја и Јапонија паднаа за меѓу 1 и 1,3 отсто.
На самиот почеток од тргувањето, повеќето од овие индекси беа во минус поради веста дека владата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за ограничување на извозот во Кина на голем број производи направени со американски софтвер, од лаптопи до авионски мотори.
На пазарот тоа се смета за натамошно ескалирање на трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, откако Кина неодамна ги заостри контролите врз извозот на ретки земни минерали, а Трамп се закани со дополнителни царини.
Сепак, во подоцнежното тргување, азиските берзански индекси закрепнаа, главно на кинеските пазари.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


