На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладневниот пресек од тргувањето порасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,22 отсто, на 8.213 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,05 отсто, на 20.256 поени, а париски CAC за 0,02 отсто, на 7.366 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи вчера започна дводневниот состанок на челниците на Fed, а нивните одлуки ќе бидат објавени денеска. Во фокусот на инвеститорите ќе бидат нивните нови макроекономски прогнози, како и прес-конференцијата на претседателот на централната банка Џером Пауел. Пазарот очекува Fed да ги намали каматните стапки по третпат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени, но неизвесно е што ќе се случува понатаму со каматните стапки.
Податоците за трговијата на мало објавени вчера покажаа и дека потрошувачката на Американците расте, што значи дека економијата има солидна поддршка, но и дека инфлацијата може да остане покачена. Дотолку повеќе што политиката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да го поддржи растот на економијата и инфлацијата. Поради овие причини, Пауел, како и неколку други лидери на Fed, изјавија во последните недели дека темпото на намалување на каматните стапки можеби ќе треба да се забави.
Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за 0,2 отсто во истиот момент од тргувањето како и во Европа. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија се лизнаа за 0,1 отсто. Во Шангај, Хонгконг и Јужна Кореја се зголемија меѓу 0,6 и 1,1 отсто.
Цените на акциите во Јужна Кореја пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат на стабилизација на политичката сцена, по отповикувањето на претседателот на земјата за време на викендот, кој неодамна предизвика политичка криза со воведувањето а потоа и укинувањето на вонредната воена состојба.
Кинеските берзи пораснаа, од друга страна, додека инвеститорите се надеваат на нови монетарни и фискални стимулативни мерки, имајќи предвид дека економијата расте побавно од очекуваното. Во петок ќе бидат објавени одлуките на челниците на кинеската централна банка за каматните стапки.
Слични новости
Значителен пад на Волстрит, европските берзи пораснаа 10. седмица по ред
На Волстрит, индексот S&P 500 значително падна минатата седмица, како и индексот Nasdaq, како резултат на притисокот врз технолошкиот сектор, додека европските берзи пораснаа, иако Вашингтон се заканува со царини на увозот од Европската унија
Димитриеска-Кочоска: Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците
Во врска со прашањето за растот на минималната плата рече дека решението што ќе го договарат работниците и работодавачите за раст на минималната плата кое ќе се темели на продуктивноста и исплата на договорениот износ согласно законските обврски Владата ќе го поздрави и ќе го почитува
Кина се закани дека ќе одговори на царините на Трамп
Иако според економистите царините на Трамп ќе имаат мал ефект врз економскиот раст на Кина, овие акции на Белата куќа може да доведат до деструктивна трговска војна, предупредува Булмберг.