Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, откако беше продолжен позитивниот тренд од петокот, а додатен импулс за берзите претставува победата на владеачката Либерално демократска партија на јапонската премиерка Санае Таикачи.

Според прелиминарните резултати од изборите во Јапонија владата ќе има јасно мнозинство во парламентот, што значи дека ќе може да ги спроведува плановите без стални преговори или блокади, што го намалува ризикот за економијата и пазарните трошоци.

Берзите позитивно реагираат на Таикачи, затоа што ја доживуваат како премиерка која дава поттик на компаниите и потрошувачката, пренесува Ројтерс.

Слични новости

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.