Европските берзански индекси денеска главно се во пораст по падот на цената на нафтата Брент на 95 долари за барел, поради сигналите дека извозот на нафта од Блискиот исток се опоравува побрзо од тоа што се очекуваше.
Утрово цената на нафтата Брент падна за 0,88 насто на 95,3 долари за барел, а нафтата ВТИ за 0,67 насто на 88,8 долари за барел.
Цената на нафтата Брент вчера падна за 2,5 насто по вестите дека Саудиска Арабија го обнови извозот преку нафтоводот Исток-запад до пристаништето Јанбу на Црвеното море, кој беше оштетен со напад од дронови.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.