Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.

Акциите на Стелантис денеска паднаа за 18 насто, што е најголем пад од 2020, откако производителот на автомобили најави широко ресетирање на бизнисот кое ќе го чини 26 милијарди долари.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џоунс падна за 1.2 насто, а во нешто поблаг пад се сите позначајни европски берзи. Цената на нафтата падна на 64 долари по барел, додека цената на златото повторно е во пораст.

Слични новости

Скапоцените метали во историски подем поради тензиите во Иран

Во раното тргување во САД, златото за испорака во февруари скокна за речиси 100 долари и се искачи над 4.600 долари за унца, додека среброто направи уште поостар потег, надминувајќи ја границата од 90 долари за унца за првпат во историјата.