Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Акциите на Стелантис денеска паднаа за 18 насто, што е најголем пад од 2020, откако производителот на автомобили најави широко ресетирање на бизнисот кое ќе го чини 26 милијарди долари.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џоунс падна за 1.2 насто, а во нешто поблаг пад се сите позначајни европски берзи. Цената на нафтата падна на 64 долари по барел, додека цената на златото повторно е во пораст.
Слични новости
По најавата на Трамп за царини за осум европски држави, ЕУ го замрзнува договорот за царини со САД
ЕПП е за трговски договор меѓу ЕУ и САД, но со оглед на заканите на Доналд Трамп во врска со Гренланд, одобрувањето не е можно во оваа фаза“,
Азербејџан почна да им испорачува природен гас на Германија и Австрија
Азербејџанската државна енергетска компанија СОКАР почна да им испорачува природен гас на Германија и на Австрија, пренесе Ројтерс.
Вредноста на производителите на чипови АСМЛ ја надмина границата од 450 милијарди евра
Холандската компанија за полупроводничка опрема АСМЛ стана само трета компанија во светот чија вредност надмина 450 милијарди долари.


