Индексите на главните европски берзи денеска се во пад, пред се како последица на загубите во американскиот технолошки сектор и нивното влијание врз европските компании.
Европските берзи реагираа на падот на технолошката берза во САД каде што инвеститорите ги повлекуваа парите од компаниите поврзани со вештачката интелигенција и ги пренасочија во подефанзивни сектори на пазарот, пренесе Си Ен Би СИ.
Во петокот технолошката берза на САД НАСДАК падна за 2,3 насто, а меѓу компаниите со најголема загуба беше Интел чии акции паднаа за дури 28 насто. Акциите на Сандиск паднаа за 10 насто, а на технолошкиот гигант Амазон за 1 насто.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.