Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

Главните причини за попретпазливото однесување на банките се загриженоста за економскиот раст, високите каматни стапки, како и постојаните ризици поврзани со геополитичката ситуација и пазарот на енергентите.

Побарувачката за кредити во минатиот квартал во еврооната порасна и покрај заострувањето на условите.

 

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно