Акциите на европските берзи се во пад, откако инвеститорите реагираа на очекуваната пониска инфлација во еврозоната.

Паневропскиот СТОКС падна за 0,5 насто, франкфуртската берза за 0,8 насто, француската беза за 0,4 насто, а единствено лондонскиот ФТСЕ порасна за 0,1 насто.

Годишната инфлација во еврозоната се очекува да изнесува 2,1 насто и се приближува кон целта на Европската централна банка за инфлација од 2 насто.

Се предвидува услугите да имаат највисока стапка на инфлација од 3,4 насто, а енергијата -1 насто. Најмала инфлација има Кипар која изнесува 0,3 насто.

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД