Акциите на аверопските берзи паднаа поради растот на цената на нафтата и стравот на инвеститорите дека ценралните банки ќе ги зголемат каматните стапки.

Трговците го зедоа во предвид претпазливиот тон што го изнесуваат централните банки ширум европскиот континент, објави американската телевизија ЦНБЦ.

Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, а и сите регионални берзи забележуваат негативни резултати.

Индексот на Франкфуртската берза падна за 2 проценти, Француската берза падна за 1,8 насто, а Лондонски ФТСЕ за 1,4 насто.

Слични новости

Бугарија целосно премина на евро

. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.