Акциите на европските берзи го завршија тргувањето со минус, реагирајќи на геополитичките тензии ширум светот, пред се околу Гренланд и Иран.
Паневропскиот СТОКС го заврши денот со пад од 0,1 насто, при што главните регионални берзи и мнозинството сектори забележаа мешовити резултати, пренесе ЦНБЦ.
Индексот на Франкфуртската берза ДАКС падна за 0,22 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,65 насто а лондонски ФТСЕ падна незначително за 0,06 насто.
Слични новости
Индексите на европските берзи во пад
Индексот на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна за 0,91 насто, францускиот ЦАЦ 40 падна за 0,64 насто, а лондонскиот ФТСЕ за 0,72 насто.
Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година
Бројот на милијардери ширум светот се искачи на рекордни 3.428, што е значителен скок во однос на минатогодишните 3.028. Вкупното богатство на луѓето на оваа листа се проценува на 20,1 трилиони долари, или четири трилиони повеќе од минатата година.
Цената на нафтата се стабилизира
Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.


