Европските акции денеска се во благ пад, по три последователни затварања со рекордни вредности поттикнати од знаците на попуштање во кинеско-американските трговски тензии.

Индексот СТОКС падна за 0,2 проценти, пренесува Ројтерс, додека инвеститорите проценуваат низа корпоративни извештаи за добивки.

Оптимизмот поради потенцијален трговски договор меѓу Кина и САД беше буст за пазарите и акциите во понеделникот, а во центарот на вниманието ќе биде планираниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг во Кореја во четврток.

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година