Акциите на европските берзи варираат во резултатите, а во падот предничи одбранбениот сектор. Паневропскиот СТОКС е релативно стабилен со плус од 0,4 насто, пренесе Си Ен Би Си.
Индексот на Франкфуртската берза ДАКС и францускиот ЦАЦ благо пораснаа за 0,2 насто, додека лондонскиот ФТСЕ падна за 0,04 насто.
Европските акции во одбранбената индустрија паднаа по мировните разговори меѓу претседателите Трамп и Зеленски.
Акциите на Леонард паднаа за 1,96 насто, Рахнметал загуби околу 1 насто, а Ренк, Конгсберг и Сааб исто така се во минус.
Слични новости
Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра
Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.
Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини
Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји
Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија
Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста


