Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа.
Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.
Вака слаб старт со само два бода по три кола ПСЖ немал уште од сезоната 2012-2013.
Претходно тренерот на европскиот шампион Луис Енрике го продолжи договорот со ПСЖ до 2023-та, а договорите со тимот ги продолжија и неколку клучни играчи на тимот.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
