Европскиот парламент денеска одобри намалување на царините на увозот на поголемиот дел американски производи, со што е исполнета трговската спогодба потпишана меѓу САД и ЕУ минатата година. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен го поздрави „позитивното гласање во Европскиот парламент“ за трговската спогодба меѓу ЕУ и САД.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе воведат „многу повисоки царини“ за сите европски прозиводи доколку ЕУ до 4-ти јули не ги исполни одредбите од трговската спогодба потпишана меѓу Вашингтон и Брисел.

Според договорот ЕУ се согласи да ги укине царините на американската трговска стока во замена за царини од 15 насто за поголемиот дел европски стоки.

Слични новости

Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините

Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините

Сепак, иако вкупната слика покажува дека економските односи не се нарушени, одделни сектори веќе трпат значајни последици од царините, а пред се европската автомбилска индустрија која го намали извозот во САД во 2025 за 20,4 насто