Европскиот парламент денеска одобри намалување на царините на увозот на поголемиот дел американски производи, со што е исполнета трговската спогодба потпишана меѓу САД и ЕУ минатата година. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен го поздрави „позитивното гласање во Европскиот парламент“ за трговската спогодба меѓу ЕУ и САД.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе воведат „многу повисоки царини“ за сите европски прозиводи доколку ЕУ до 4-ти јули не ги исполни одредбите од трговската спогодба потпишана меѓу Вашингтон и Брисел.
Според договорот ЕУ се согласи да ги укине царините на американската трговска стока во замена за царини од 15 насто за поголемиот дел европски стоки.
Слични новости
Американските акции се во пораст пред се благодарние на технолошките компании
Кај 500-те најбогати американски компании С и П 500 забележан е раст на берзите од 0,3 насто. Најголем придонес за растот даде производителот на чипови Енвидија, чии акции поскапеа за повеќе од 3 насто.
Цените на нафтата забележаа неделен пораст поради обновените тензии на Блискиот исток
Референтната нафта Брент се движеше на ниво од околу 75,5 долари за барел, а американската сирова нафта се движеше околу 71,2 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.
Нафтата може да падне на 60 долари со бледнеењето на шокот од Ормуз
Нафтата Брент би можела да продолжи да паѓа до 60 долари за барел до крајот на годината, бидејќи нарушувањата во Ормускиот Теснец се намалуваат.


